19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЏеф Безос и брат му ќе одлетаат во вселената

Џеф Безос и брат му ќе одлетаат во вселената

Основачот на Амазон, Џеф Безос и неговиот брат Марк ќе одлетаат во вселената на 20 јули, две недели откако Џеф поднесе оставка од функцијата шеф на Амазон.

Браќата ќе бидат првите патници во вселенскиот брод “New Shepard” развиен од компанијата на Безос, Blue Origin.

„Уште како петтогодишник, сонував да летам во вселената. На 20 јули, ќе одам на тоа патување со мојот брат “, напиша Џеф Безос на Инстаграм во понеделникот.

Победникот на аукцијата на која се нуди едно место ќе патува заедно со браќата Безос. Аукцијата ќе заврши на 12 јуни.

Околу 6.000 луѓе од 143 земји дадоа понуди. Највисоката понуда за местото е 2,8 милиони долари.

Ракетата треба да полета од Земјата и кога ќе стигне до линијата Карман, 100 километри надморска височина, капсулата ќе се оддели од ракетата, дозволувајќи им на патниците да ја видат закривеноста на планетата и да доживеат бестежинска состојба.

Целиот лет ќе трае десет минути.

Капсулата и ракетата ќе се спуштат одделно, со тоа што капсулата ќе слета со помош на падобран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП