27 април, 2024
ПочетнаКОРОНАКина ја одобри својата вакцина за деца на возраст од три до...

Кина ја одобри својата вакцина за деца на возраст од три до 17 години

Кина ја одобри вакцината Синовак за итна употреба за деца на возраст од три до 17 години, изјави директорот на Синовак Џин Веидонг за државната телевизија.

Кинеската кампања за масовна вакцинација, која подели 723,5 милиони дози до 3 јуни, важи за лица над 18 години, објави денеска Ројтерс.

Кога вакцината Синовак ќе биде одобрена за општа употреба на малолетници, зависи од стратегијата за имунизација на кинеските здравствени власти, додаде Џин.

Тој рече дека малолетните лица имаат помал приоритет при вакцинирање против ковид – 19, во споредба со постарите лица, кои имаат поголем ризик да добијат посериозни симптоми доколку се заразат.

Прелиминарните резултати од првата и втората фаза на клинички испитувања покажаа дека вакцината може да предизвика имунолошки одговор кај деца на возраст од три до 17 години и дека несаканите ефекти се лесни.

Државната фармацевтска компанија „Синофарм“, која користи слична технологија како „Синовак“, исто така подготвува апликација за употреба на вакцината кај младите.

Вакцината CanSino Biologics користи друга технологија и влезе во втора доза на тестирање за лица на возраст меѓу шест и 17 години.

Синовак ја заврши втората фаза од клиничкото испитување каде учесниците добија трета, засилна доза, рече Џин.

Кај учесниците во вакцинацијата се виделе зголемувања до 10 пати во рок од седум дена и 20 пати во рок од половина месец.

Џин исто така предупреди дека Синовак мора да го заврши долгорочно следење на количината на антитела пред да им препорача на властите кога треба да се даде третата доза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП