26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Realme“ планира да објави повеќе од 20 телефони со 5G до крајот...

„Realme“ планира да објави повеќе од 20 телефони со 5G до крајот на 2022-ра

За да ја одбележи третата годишнина од своето постоење, „Realme“ одржа 5G настан во партнерство со „GSM Association“, „Qualcomm“ и „Counterpoint Research“. За време на настанот, компанијата ги откри своите амбиции со 5G конекцијата и таа да биде достапна за милиони корисници ширум светот.

„Realme“ објави дека целта на компанијата е да има над 100 милиони активни корисници на 5G до 2024-та година, како и да ја зголеми понудата на своите 5G уреди за 70% на 50 пазари во текот на следната година.

Достапните 5G уреди ќе продолжат да бидат во фокусот на брендот, а целта е 5G телефонот на „Realme“ да чини околу 100 американски долари во наредните години.

„Realme“ исто така ги претстави плановите за издавање на два нови телефони од серијата „GT“, вклучително и врвен телефон ориентиран кон перформансите, кој ќе биде претставен подоцна во текот на месецот, како и премиум модел со фокус на камерите што се очекува во јули.

„Realme“ фокусираше до 90% од своите ресурси за истражување и развој на 5G производи во следните две години, а компанијата планира да отвори 5G центри за истражување и развој низ цела Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП