19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLadna ги објави победниците на овогодинешниот Детски ликовен конкурс на тема „Музикантите...

Ladna ги објави победниците на овогодинешниот Детски ликовен конкурс на тема „Музикантите во природата“

Со прогласување на победниците во двете категории Ладна го затвори традиционалниот детски ликовен конкурс, кој оваа година беше на тема: „Музикантите во природата“  Ладна обезбеди вредни награди за победниците, иако поради непредвидливоста на настаните тие беа малку поинакви од традиционалните награди.

Како и секоја година, натпреварувањето беше поделено во две категории: 1) деца на возраст од 4 до 7 години и 2) деца на возраст од 7 до 10 години. Темата на конкурсот ја разбуди инспирацијата кај младите уметници, па тие испратија огромен број дела на кои беа нацртани нивните омилени музиканти во природата.

Како победнички цртежи од двете категории беа одбрани цртежите на:

Категорија од 4 до 7 години

  1. Каја Митровска, 4 години, Скопје (прво место)
  2. Андреа Танчевска, 5 години, Струмица (второ место)
  3. Нина Стојанова, 6 години, Скопје (трето место)

Категорија од 7 до 10 години

  1. Максим Апостоловски, 8 години, Виница (прво место)
  2. Ивана Јосифовска, 9 години, Скопје (второ место)
  3. Константин Милески, 8 години, Прилеп (трето место)

Авторите на одбраните дела Ладна ќе ги награди со награди специјално адаптирани за оваа година. Наградите за оваа година, по категории, се следните:

Прва награда: Парична награда во еквивалентен износ за претходно предвиденото тридневно патување во Дизниленд, Париз на детето со родителите/старателите

Втора награда: Парична награда во еквивалентен износ за предвидениот годишен курс за цртање

Трета награда: Таблет за цртање

Ладна им се заблагодарува на сите учесници кои решија да ја активираат својата фантазија и да нацртаат мали парчиња уметност за учество во конкурост. Пријавените и наградените цртежи можете да ги погледнете на следниот линк: http://www.ladna.com.mk/ArtCompetitions.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП