28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Ant“ доби одобрување од регулаторите за создавање на нова компанија

„Ant“ доби одобрување од регулаторите за создавање на нова компанија

Кинескиот регулатор за осигурување и банкарство соопшти дека ја одобрил понудата на „Ant Group“ за основање на потрошувачки ориентирана финансиска компанија, што е првиот важен чекор во преструктуирањето на финтех гигантот.

„Ant“ ќе има удел од 50% во новата компанија, регистрирана во Чонгкинг, југозападна Кина, а остатокот ќе биде во рацете на уште шест други акционери.

Компанијата „Chongquing Ant Consumer Finance“ е лиценцирана да извршува заеми на потрошувачи и други операции. Таа ги вклучува кредитните услуги на „Ant“ – „Huabei“ и „Jiebei“, кои ги користат половина милијарда луѓе во Кина.

„Ant“, компанијата за мобилни плаќања контролирана од милијардерот Џек Ма, беше принудена да го трансформира својот бизнис откако кинеските власти ја откажаа нејзината почетна јавна понуда во ноември

Една од областите што го налути Пекинг беше огромниот бизнис со заеми на „Ant“. На крајот на јуни минатата година, парите позајмени од платформите на „Ant“ имаа вкупно 271,1 милијарди долари заостанати заеми.

Компанијата обезбедува најголем дел од заемите во партнерство со деловни банки, кои обезбедуваат најголем дел од финансирањето на долгот. Повеќето заеми ги земаат млади луѓе без кредитна историја. Сепак, регулаторите ги критикуваа активностите на „Ant“, што охрабри некои луѓе да позајмуваат и да трошат многу повеќе отколку што можат да си дозволат, создавајќи ризик за банките кои ги обезбедуваат средствата.

Меѓу акционерите во новата компанија се и две државни финансиски институции. „Nanyang Commercial Bank“, единица на државната компанија „China Cinda Asset Management“, која поседува удел од 15%, додека „China Huarong Asset Management“, еден од најголемите менаџери на проблематични средства во земјата, има 4,99%.

Најголемиот кинески производител на литиумски батерии за електрични возила „Contemporary Amperex Technology“, има удел од 8%. Другите сопственици се кинеската единица на тајванска банка, давател на услуги за транспорт и производител на медицинска опрема. „Alibaba Group Holding“, кој е сопственик на третина од „Ant“, има малцински удел во новата компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП