29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei“ ја навести серијата „P50“ (ВИДЕО)

„Huawei“ ја навести серијата „P50“ (ВИДЕО)

„Huawei“ одржа голем настан, при што компанијата го претстави „Harmony OS“ (2.0) и прикажа неколку таблети, нов паметен часовник и монитори за игри. Кинеската компанија ја искористи можноста да прикаже и промо видео за серијата телефони „Huawei P50“.

Промотивниот тизер го покажува системот со четири камери на моделот „Huawei P50 Pro“, и завршува со широк поглед на телефонот на хоризонтот со зајдисонцето.

Од „Huawei“ посочија дека серијата „P50“ ќе има прекрасен, тенок и лесен дизајн и дека моделите од оваа серија ја подигнуваат линијата на ново ниво кога станува збор за фотографирањето преку телефон. За жал, не беше откриено кога серијата „P50“ ќе биде официјално претставена.

Серијата „Huawei P50“ ќе има 1-инчен сензор за камера – „Sony IMX800“. Тизер видеото сугерира дека камерите ќе бидат поддржани од 5x перископ со зумирање од 18 mm до 125 mm.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП