27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ го збогатува електронското банкарство со нови функционалности: Клик кредитот отсега достапен...

НЛБ го збогатува електронското банкарство со нови функционалности: Клик кредитот отсега достапен и преку НЛБ клик електронското банкарство

НЛБ Банка воведе можност за аплицирање за Клик кредитот преку НЛБ Клик електронското банкарство. Досега клиентите имаа можност да аплицираат за Клик кредитот единствено преку НЛБ мКлик – мобилното банкарство, а отсега, во насока на поголема достапност на услугите, за сите клиенти на Банката, ќе биде достапен и преку НЛБ Клик – електронското банкарство.

Имено, опцијата за аплицирање за Клик кредитите е достапна преку НЛБ Клик – електронското банкарство за клиентите кои имаат привилегија за електронско потпишување со мТокен (софтверски уред) или Токен (хардверскиот ОТП уред).

Услов за користење на кредит е клиентите да се приматели на плата или пензија во НЛБ Банка. Целиот процес е дигитализиран и автоматизиран, без потреба од посета на експозитура и дополнителна документација.  По одобрувањето на барањето за кредит, средствата од кредитот се исплаќаат веднаш, директно на трансакциската сметка на клиентите.

Исто така, покрај овој новитет, електронското банкарство се проширува и со други функционалности. Отсега клиентите ќе можат да извршат електронско ажурирање на личните податоци и преку  електронското банкарство, услуга која досега беше достапна само преку мобилното банкарство и веб страницата на Банката.

Од Банката велат дека дигитализацијата и во иднина ќе продолжи да биде една од нивните стратешки определби и во таа насока и понатаму ќе продолжат да работат на поголема достапност, поедноставување на банкарските услуги и софистицирано корисничко искуство скроено според потребите и барањата на клиентите.

Повеќе информации за мКлик кредитот се достапни на линкот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП