19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТесла отвора ланец на ресторани - уште една идеја на Маск станува...

Тесла отвора ланец на ресторани – уште една идеја на Маск станува реалност

Компанијата Тесла неодамна објави нов заштитен знак за својот бренд под ресторански услуги, што е сигнал дека компанијата конечно се подготвува да ја реализира идејата за која извршниот директор Илон Маск и другите директори на компанијата зборуваат јавно од 2017 година.

Компанијата аплицираше за нови трговски марки кои ќе ги опфаќаат категориите „estaurant services, pop-up restaurant services, self-service restaurant services и take-out restaurant services“.

Како ресторантската индустрија се вклопува во највлијателната компанија во светот за производство на луксузни електрични автомобили?

Да ве потсетиме, во 2017 година, тогашниот технички директор на Tesla, JB Straubel, на конференцијата посветена на примената на технологијата во рестораните, рече дека компанијата може да влезе и во оваа индустрија. Идејата беше станиците за полнење на електричните возила да се претворат во продавници каде исто така ќе се служи храна.

Тесла веќе го тестираше ова кога воведе мал киоск кој нуди храна и пијалоци на станица за полнење во Калифорнија, и сега тие сакаат да го подигнат на многу повисоко ниво.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, тогаш ја прошири идејата за продавница за малопродажба и, како и обично, ја претстави на Твитер идејата за отворање на  „олд скул“ ресторан на една од станиците за полнење на електрични возила во Лос Анџелес.

Неколку месеци подоцна, Тесла аплицираше да отвори ресторан и станица за полнење за електрични возила, но оттогаш компанијата и нејзиниот основач се релативно тивки за потенцијален деловен потфат.

Ланецот ресторани на Тесла ќе биде украсен со голема буква Т од логото на компанијата, а Маск и неговиот тим исто така поднеле барање за заштитен знак на името Тесла за потребите на ресторанот.

За да бидат уште поинтересни за посетителите, рестораните за суперполначи Тесла ќе бидат тематски дизајнирани и ќе имаат голем број технологии кои ја красат автомобилската компанија на Маск, па може да видиме дури и келнер-робот со автопилот на Тесла.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП