25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Amazon“ ги избра датумите за годинашниот „Prime Day“

„Amazon“ ги избра датумите за годинашниот „Prime Day“

„Amazon“ го враќа својот шопинг настан „Prime Day“ во вообичаениот распоред и ќе го одржи во текот на летото, откако го одложи на подоцнежен датум во минатата година, поради пандемијата на коронавирусот, пишува „CNBC“.

Денес компанијата откри дека „Prime Day“ годинава ќе се одржи на 21-ви и 22-ри јуни. Членовите на програмата за претплата на „Amazon Prime“ ќе имаат пристап до „над 2 милиони понуди“ во сите категории, рече Џамил Гани, потпретседател на „Prime“.

„Prime Day“, кој започна во 2015-та година, обично се одржува во јули. Продажбата е делумно насочена кон привлекување нови претплатници во „Prime“, рекламирање на производите и услугите на „Amazon“ и поддршка на продажбата во типично послаба сезона на купувања.

Минатата година, компанијата беше принудена да го одложи „Prime Day“ за средината на октомври, поради несигурностите поврзани со пандемијата и проблемите со логистичкиот капацитет. „Amazon“ сепак ќе го одложи „Prime Day“ во Индија и Канада оваа година поради влошената состојба со распространетоста на Ковид-19 во обете земји.

Интернет гигантот претходно изјави дека „Prime Day“ ќе се одржи во јуни, но се воздржа од објавување на конкретен датум. Во мај, „Bloomberg“ напиша дека „Amazon“ ги избра 21-ви и 22-ри јуни за настанот, повикувајќи се на известувања испратени до вработените.

Главниот финансиски директор Брајан Ославски на последното соопштение за финансиските извештаи на компанијата објави дека ќе го одржи „Prime Day“ еден месец порано, бидејќи јули е обично пофреквентен период. Аналитичарите велат дека „Prime Day“ во јуни може да и помогне на компанијата да ги намали компарациите со деловните перформанси во истиот период од минатата година кога беа воведени блокадите.

„Amazon“ проценува дека нејзиниот приход во вториот квартал ќе биде помеѓу 110 и 116 милијарди долари, надминувајќи ја прогнозата на „Wall Street“ од 108,6 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП