24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ го претстави првиот електричен „M“ модел (ФОТО/ВИДЕО)

„BMW“ го претстави првиот електричен „M“ модел (ФОТО/ВИДЕО)

„BMW“ сврте нова страница во својата историја со лансирањето на првиот електричен модел со „M“ ознака.

„BMW i4 M50“ е заснован на електричната лимузина „i4“, а за да го оправда статусот и репутацијата која со себе ја има ознаката „M“, автомобилот располага со врвни перформанси кои ги обезбедуваат електромоторите од 544 коњски сили.

Во однос на регуларниот „i4“, „M50“ доби спортски стилски детали на надворешноста, додека во ентериерот доминираат дигиталните екрани со дијагонала од 10,4 и 14,7 инчи.

Сепак, возачката кабина ја краси вистинси возачки карактер. Седиштата се од моделите „M3“ и „M4“.

Со 544 коњски сили, кои ги обезбедубаат два електромотори, „М50“ од 0 до 100 km/h развива за 3,9 секудни, додека максималната брзина е 225 km/h.

Автономијата во возење изнесува 510 километри ( според „WLTP“ стандардот), а времето на полнење на батеријата од 10 до 80% од капацитетот трае 31 минута на полнач од 200 kW.

Доколку се полни на полнач со сила од 11 kW, потребни се 7,6 часа до целосно полна батерија.

„BMW i4 M50“ ќе чини околу 70.000 евра, а во продажните салони доаѓа на есен оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП