20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТесла најави големи планови

Тесла најави големи планови

Компанијата Тесла очекува да троши повеќе од милијарда американски долари годишно на суровини за батерии од Австралија.

Сметаат дека земјата има сигурна рударска и одговорна производствена практика, беше соопштено од Тесла.

Робин Денхолм, не-извршен директор на американскиот производител на автомобили, рече дека Австралија, која е богата со минерали кои се користат за производство на батерии како што се литиум и никел, исто така ќе има придобивки од развојот на снабдувачки синџири за батерии на електрични возила, како и од ерата на “зелена енергија”.

„Очекуваме нашата потрошувачка на австралиски минерали да се зголеми на повеќе од една милијарда долари годишно во текот на следните неколку години“, рече Денхолм.

Тесла веќе набавува три четвртини од своите суровини со литиум од Австралија и повеќе од една третина од никелот, додаде таа.

„Австралиските рударски компании имаат добра репутација, голема експертиза, професионализам и повеќе ги сакаат производителите кои се повеќе се загрижени за исполнување на сегашните и идните барања“, рече Денхолм.

Тие проценки се во согласност со политиката на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, која се потпира на сојузниците за снабдување на повеќето минерали потребни за производство на електрични возила.

САД ќе се фокусираат на домашна обработка на метал за делови од батерии, како дел од стратегијата дизајнирана да ги смири екологистите, изјавија двајца добро информирани извори за Ројтерс. Австралија, заедно со Канада и Бразил, се меѓу земјите кои можат да имаат корист од ова.

Австралискиот извоз на литиум во форма на тврд камен познат како сподумен се очекува да достигне една милијарда австралиски долари (773 милиони американски долари) оваа година, а извозот на никел се проценува на четири милијарди американски долари.

Од друга страна, Тесла испорачува батерии во Австралија за складирање на сончева енергија. Австралија има најгуста мрежа на кровни соларни панели во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП