26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКои марки на автомобили се најсигурни

Кои марки на автомобили се најсигурни

Иако некои луѓе ги менуваат брендовите секој пат кога купуваат нов автомобил, повеќето сепак остануваат верни на еден, најмногу заради сигурноста. Британскиот портал „What car??“ спроведе истражување кое покажа кои марки на автомобили се најсигурни.

Истражувањето, кое опфати 175 модели од 31 производител на автомобили, покажа дека автомобилите од јапонско производство доминираат на листата на сигурност.

Како што објави „Auto klub“, биле испитани 13.000 возачи кои одговарале на прашања за тоа колку дефекти доживеале во последните 12 месеци, колку ги чинела поправката и колку време автомобилот поминал на сервис.

Врз основа на овие податоци, направена е единствена проценка на сигурноста за секој модел.

На 10-то место се најде германскиот производител на автомобили БМВ (BMW) со рејтинг на сигурност од 95,2 проценти.

Ѕвезда се покажала претходната генерација на Серија 1, која освои рејтинг на сигурност од 99,2 проценти, следена од X1 со 98,1%. Постарата Серија 5 (E39) беше прогласена за најбезбедна луксузна лимузина, а серија 2 кабриолет и купе се покажаа како најсигурни во тие два сегмента.

Следува Mazda со рејтинг на сигурност од 95,2 проценти.

Два модели на Mazda, Mazda 6 и CX-3, се оценети со 98 проценти, што ги прави вторите најсигурни модели во нивната класа.

Веднаш до нив е MX-5 со 93,3 проценти.

Хонда ја зазеде осмата позиција со рејтинг на сигурност од 95,3 проценти.

Освен што е исклучително практичен хечбек, „Хонда џез“ е исто така многу сигурен со рејтинг од 99 проценти.

Honda CR-V е исто така сигурна опција, без разлика дали станува збор за нов или половен модел.

Kia е оценет со 95,9 проценти во однос на сигурноста. Шампиони на оваа корејска марка се „Спортаж“ и премиум лимузината „Оптима“, а двата модели се оценети со нешто повеќе од 96 проценти.

Следува Hyundai со рејтинг на сигурност од 96,3 проценти.

Хечбекот i20 доби скоро совршен рејтинг од 99,3 проценти, додека хибридниот „јоник“ оствари 97,4 проценти.

Шкода е на средината на табелата, со рејтинг на сигурност од 96,4 проценти.

За време на истражувањето, сопствениците на градскиот автомобил „ситиго“ рекоа дека нивните автомобили немале никакви дефекти во последната година, што му дало совршен резултат од 100 проценти.

„Суперб“ е силен кандидат со рејтинг од 98,3 проценти.

Ако сакате малку повеќе простор, „Суперб“ е исто така силен кандидат со рејтинг од 98,3 проценти.

Рејтингот за сигурност на Mini е 96,8 проценти.

Според сопственикот на Mini, „кантримен“ е најсигурен мал теренец со рејтинг од 98,3 проценти.

„Клабмен“ е веднаш зад него со 97,1 процент, а хечбек моделот освои 96,1 процент.

Тојота го зазеде третото место, а рејтингот на сигурноста е 97,7 проценти.

„Ајго“ доби совршени 100% од своите сопственици, а малку поголемите „јарис“ не заостануваат со 99,7 проценти. Хибридните модели на Тојота се исто така сигурни, а „королата“ доби 98,4 проценти.

Mitsubishi е на второто место со рејтинг на сигурност од 97,9 проценти.

Хибридот „аутлендер“ се покажа како импресивен. Постигна рејтинг на сигурност од 97,8 проценти, а само 13 проценти од сопствениците изјавиле каков било проблем во последната година.

На врвот на листата се најде Lexus со рејтинг на сигурност од 98,7 проценти.

NX и RX SUV постигнаа повеќе од 99 проценти при спроведувањето на истражувањето, освојувајќи го златниот медал на ова истражување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП