29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките изѕидаа профит од 32 милиони евра за три месеци – речиси...

Банките изѕидаа профит од 32 милиони евра за три месеци – речиси двојно повеќе од лани

За само три месеци од годинава, во ек на најсилниот бран на пандемијата, македонските банки изѕидаа профит од над 32 милиони евра. Или добивката е речиси двојно повисока од првите три месеци лани, кога се уште не беше почната пандемијата. Тогаш банките прикажаа профит од 18,6 милиони евра – покажуваат податоците на Народната банка. Лани пак 2020-тата година ја завршија со профит од 118 милиони евра, а рекордот го остварија во 2018 година кога прикажаа добивка од речиси 136 милиони евра. Од 2017 година до лани, добивката на банките надминува над 100 милиони евра. Или за 4 години оствариле профит од близу половина милијарда евра или прецизно вкупно 474,4 милиони евра.

Во првите три месеци од годинава како и вообичаено, приходите од камати се главен креатор на добивките на банките. Или големата разлика меѓу каматите што банките ги наплатиле од кредитите дадени на клиентите, и ниските камати кои ги даваат за штедните влогови што кај нив ги чуваат граѓаните и фирмите.

Само за трите месеци од годинава банките наплатиле 73,7 милиони евра за камати, од кои повеќe од половината или 41,7 милиони евра се камати наплатени за кредитите на домаќинствата.

А само 13 милиони евра биле расходите од камати кои ги имале кон државата, нефинансичките друштва, домаќинствата.

Податоците на Народната банка покажуваат и дека растат и приходите од провизии. За три месеци од годинава банките за провизии од граѓаните и компнаиите наплатите 33 милиони евра. Или само од камати и провизии банките собрале речиси 87 милиони евра.

Како и претходно, најголем дел од добивката завршила кај големите банки. Од 32 милиони евра профит, 28 милиони евра завршил кај нив. 3,5 милиони евра заработиле средните банки, а добивката на малите банки е 666.000 евра.

Добивка на домашните банки за прв квартал 2021        32 милиони евра

Добивка на домашните банки 2020 година                     118 милиони евра

Добивка на домашните банки 2019 година                     114 милиони евра

Добивка на домашните банки 2018 година                     135,8 милиони евра

Добивка на домашните банки 2017година                      106,6 милиони евра

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП