26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСимпатично „Mini“ вредно 100.000 евра (ВИДЕО)

Симпатично „Mini“ вредно 100.000 евра (ВИДЕО)

Британски специјалист најави специјален модел уште во 2019-та година, но тој дури сега пристигна на патиштата.

Идејата беше да се направат 60 специјални „Mini“, кои ќе ја одбележат 60-годишнината од лансирањето на првото „Mini“, а за сè е виновен „Дејвид Браун Аутомотив“ (ДБА).

Само еден поглед е доволен за да му простите на двегодишното доцнење, бидејќи веројатно досега не сте виделе поубав и помал спортист.

Од една страна, ова е „рестомод“, модерна интерпретација на класика, згора на тоа во специјално издание. „Oselli Edition“ е двосед со нагласен спортски карактер. Нема потреба да трошиме зборови за дизајнот, бидејќи сè беше кажано пред околу 62 години, а сега можеме само да му се восхитуваме.

Важно е под хаубата моторот да биде надграден. 1,42-литарскиот бензинец со два карбуратори испорачува 125 ks при 6.200 вртежи во минута, заедно со 153 Nm при 4.500 вртежи во минута. Во комбинација со петстепен мануелен менувач, тој се враќа во старите добри времиња, со спринт од 7,8 секунди до „стотка“. Достапен е и автоматски менувач, но во комбинација со оригиналниот мотор.

„Mini Remastered Oselli Edition“ е вистински спортски автомобил, така што добива сопирачки „AP Racing“ и амортизери „Bilstein“. Тука е и спортскиот издувен систем, како и тркачките гуми со дијаметар од 13 инчи.

И, конечно, „ладење“. Почетната цена е неверојатни 98.000 фунти, или 108.000 фунти за верзијата со четири седишта. Но, верувајте, сите 60 примероци ќе се продадат брзо. Причината е едноставна – никој не нуди такво нешто дури и половина слично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП