Листата на „Geekbench“ открива резултати за „Nokia C20 Plus“, кои покажуваат скромни перформанси на телефонот. Секако, ова треба да се очекува за еден „Android 11 Go Edition“ модел.
Сепак не наведува специфичен чипсет, само укажува на тоа дека тој е создаден од „Unisoc“. Станува збор за осум-јадрен процесор, со четири јадра од 1.6GHz и четири јадра од 1.2GHz, а резултатите сугерираат дека станува збор за истиот чип што го користи моделот „Nokia C20“ (Unisoc SC9863A).

