22 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот таблет „Lenovo Yoga Pad Pro 13“ може да се користи како...

Новиот таблет „Lenovo Yoga Pad Pro 13“ може да се користи како надворешен монитор

„Lenovo“ го претстави таблетот „Yoga Pad Pro 13“ кој е украсен со своевидна рачка и може да се користи како надворешен дисплеј. Ова овозможува таблетот да биде поставен во различни позиции во две различни ориентации, без потреба од надворешен хардвер.

Во делот од таблетот, каде што се наоѓа рачката, има две порти: „USB-C“ од едната страна и микро-HDMI порта од друга. Ова овозможува таблетот да се користи како надворешен дисплеј за лаптоп или „Nintendo Switch“.

„Lenovo Yoga Pad Pro“ има 13-инчен „LTPS LCD“ панел со резолуција 2.160 x 1.350 (16:10), нуди 100% sRGB покриеност со боја, „HDR10“ и поддршка на „Dolby Vision“. Покрај тоа, постои максимална осветленост од 400 нити.

Постојат и 9W „JBL“ звучници (2x 2.5W и 2x 2W), со паметни засилувачи и поддршка на „Dolby Atmos“. „USB-C 3.1“ со „Quick Charge 4“ поддршка, како и за споменатата порта за микро-HDMI. Исто така, има поддршка за „Wi-Fi 6“ (2×2 MIMO) и „Bluetooth 5.2“.

Таблетот работи со чипсет „Snapdragon 870“, во комбинација со 8 GB LPDDR5 RAM меморија и 256 GB простор за складирање UFS 3.0. Оперативниот систем е „ZUI 12.5“, базиран на „Android 11“. Батеријата од 10.200mAh е доволна за 12 часа репродукција на видео или 8,5 часа работа во режим на прикажување.

На предната страна има само една камера од 8MP, заедно со 3D ToF сензор, кој може да се користи за препознавање на лице. Задниот дел на уредот е тапациран во Алкантара, додека рачката е изработена од не’рѓосувачки челик.

Цената на таблетите „Lenovo Yoga Pad Pro 13“ на кинескиот пазар е околу 515 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП