20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Goldman Sachs“ доби одлични вести од Кина

„Goldman Sachs“ доби одлични вести од Кина

„Goldman Sachs“ во вторникот објави дека добиле прелиминарно одобрување од кинеските регулатори за заедничко вложување за управување со богатството на клиенти во Кина.

Заедничкото вложување, чиј 51 процент е учество во одделот за управување со средства на „Goldman“ и 49 проценти од подружниците на државната Кинеска индустриска и трговска банка (ICBC), има намера да сервисира некои од проценетите 70 трилиони долари средства што кинеските домаќинства ќе ги имаат до 2030-та година, стои во соопштението од „Goldman“.

Соопштението го означува последниот знак на зголемената отвореност на Пекинг за учество на странски финансиски играчи на нивниот пазар.

„JPMorgan Chase“ доби одобрение во декември 2019-та година за мнозинска сопственост на комерцијално заедничко вложување во Кина, проследено со слични најави на „Goldman“ и „Morgan Stanley“ неколку месеци подоцна.

Гигантот за управување со средства „BlackRock“ доби одобрение на почетокот на мај за заедничко вложување со „China Construction Bank“ и сингапурскиот суверен државен фонд „Temasek“, објави „The Wall Street Journal“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП