24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку долго намирниците смеат да стојат во замрзнувач?

Колку долго намирниците смеат да стојат во замрзнувач?

Чувањето на храната на ладно место е најдобриот начин да го продолжите нејзиниот рок.

За да бидете сигурни дека одмрзнатата храна е свежа, нутритивна и вкусна како пред замрзнувањето, постојат некои правила до кои морате да се придржувате.

Храната мора да биде замрзната во моментот кога е најсвежа. Водете сметка дека некои намриници не се замрзнуваат добро, како што се свежите јајца и компирот.

Не заборавајте дека течностите се шират на ниски температури, па важно е да оставите доста простор вo замрзнувачот кога замрзнувате течни намирници.

Најважно е да внимавате колку долго одредени намирници стојат во фрижидерот пред да го изгубат вкусот или да станат лоши за јадење. Кога станува збор за лебот и десертите, печениот леб и ролничките можат да се користат два до три месеци по замрзнувањето. Непечениот леб, од друга страна, може да стои само месец дена во замрзнувач.

Непеченото парче овошје може да биде замрзнато до четири месеци, палачинките не би требало да ги оставате повеќе од три месеци.

Кога станува збор за месото, девет месеци е најдолгото време кога се однесува на јагнешкото месо. Цело пиле или мисирка можат да се замрзнат на година дена, но исечени парчиња во замрзнувачот можат да стојат до девет месеци.

Меленото месо смее да стои само до четири месеци, а истото важи и за изнутриците. Сировите хамбургер плескавици можат да стојат до четири месеци. Прженото пилешко и останатата живина можат да бидат безбедни за јадење и по четири месеци.

Морската храна може да биде многу проблематична доколку не е добро замрзната. Тенките филети риба можат да стојат до шест месеци, додека масната риба може да биде замрзната само три месеци. Варената риба смее да се складира само два месеци.

Млечните производи и јајцата можат да стојат девет месеци во замрзнувач, млекото најмногу шест месеци, а маргаринот до година дена.

Супите со месо би требало да ги држите најдолго три месеци, а истото важи и за супите со зеленчук и гулашот.

Цитрусното овошје може во замрзнувач да отседи најмногу три месеци, додека останатото овошје може да стои до девет месеци. Костенливото овошје може да биде замрзнато на три месеци, а зеленчукот може во замрзнувачот да отстои до 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП