19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Heineken“ е во преговори за купување на јужноафриканската компанија „Distell“

„Heineken“ е во преговори за купување на јужноафриканската компанија „Distell“

„Heineken“, вториот по големина производител на пиво во светот, преговара за купување на јужноафриканската компанија за вино и алкохолни пијалаци „Distell Group Holdings“, пренесува „Bloomberg“.

Од „Heineken“ контактирале со „ Ditsell “ за потенцијална аквизиција на поголемиот дел од бизнисот, соопшти јужноафриканската компанија, потврдувајќи ги претходните гласини. „Distell“ ги разгледува своите опции во моментов, изјави портпаролот Френк Форд.

Акциите на „Distell“ пораснаа скоро 10% на дневно ниво. На последниот ден од тргувањето во Јоханесбург, нивната цена се зголеми за 5,6%, со што на компанијата и се овозможи капитализација од 33,6 милијарди ранди (2,4 милијарди долари).

Вредноста на акциите на „Heineken“ котирани во Амстердам се зголеми за 0,9%, оценувајќи ја компанијата на 57 милијарди евра.

Преговорите се во тек, иако сè уште не е јасно дали ќе се постигне договор, велат од „Heineken“.

„Ditsell“ ги произведува брендито „Klipdrift“, виното „Nederburg“, ликерот „Amarula“, „Savanna“ и други. „Remgro“, инвестициската компанија на јужноафриканскиот милијардер Јохан Руперт и „Public Investment Co.“ (PIC), најголемиот пензиски фонд во Африка, имаат нешто повеќе од 30% од „Distell“, според податоците собрани од „Bloomberg“.

„РIC“ го зголеми својот удел во 2017-та година по промените во сопственичката структура на компанијата за алкохолни пијалоци. Потоа платила 170 ранди по акција. Ова е за 19% повеќе од цената на акциите на „Distell“ на крајот на тргувањето во понеделникот, пред да бидат објавени информациите за преговорите.

Аквизицијата ќе биде најголема за „Heineken“ од 2018-та година, кога склучи партнерство со „China Resources Beer Holdings“, производителот на најпродаваното пиво во земјата.

Договорот ќе следи по договорите од 7,4 милијарди долари објавени од глобалната индустрија за производство на пиво во оваа година, што е за 15% помалку од истиот период во 2020-та година.

„Heineken“ излегува од една од најлошите кризи во пивскиот сектор. И покрај растот во Виетнам и Мексико, компанијата сè уште се соочува со проблеми на клучните пазари како што се Бразил и Велика Британија, каде ограничувањата за патувања и продажба влијаеа на побарувачката.

На почетокот на оваа година, „Heineken“ отпушти 8.000 вработени. Во април, компанијата ги надмина очекувањата на аналитичарите, известувајќи за стабилни приходи од продажба во првиот квартал, бидејќи пазарите во развој помогнаа да се надоместат падовите во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП