25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСемос доделува 90 стипендии за најбараните IT професии

Семос доделува 90 стипендии за најбараните IT професии

Во партнерство со најреномираните светски IT брендови: Microsoft, EC-Council, Cisco, ISTQB, Adobe, Autodesk, Python Institute…

Стипендиите се наменети за сите нивоа на експертиза во соодветната област: од почетници без никакви предзнаења, до експерти кои бараат професионално надградување и официјална сертификација. Истите ќе се доделуваат преку летните менторски програми во кои се вклучени пакет на официјални обуки од Семос Едукација, стипендии и работа на реални проекти во реална работна околина, под менторство на професионалци со долгогодишно искуство.

Оваа година ќе бидат доделени вкупно 90 стипендии за професиите:

  1. 10 делумни стипендии за Data Analyst by Microsoft
  2. 10 делумни стипендии за Web Developer by Microsoft
  3. 10 делумни стипендии за Software Tester by ISTQB (ISQI)
  4. 10 делумни стипендии за Android Developer
  5. 10 делумни стипендии за Linux administrator by Linux
  6. 10 делумни стипендии за Network Defender by Cisco & Ec-Council
  7. 10 делумни стипендии за Social Media Designer by Adobe
  8. 10 делумни стипендии за BIM технологии by Autodesk
  9. 10 делумни стипендии за Python Backend Web Developer with Django framework by Python Institute

Најдобрите слушатели ќе добијат можност за понатамошен професионален развој преку Кариерениот центар во Семос Едукација кој ќе ги поврзе со своите компании партнери.

Зошто баш овие професии?

Заради огромната побарувачка и тоа не само во IT индустријата, постои дефицит од овие кадри и во сите други индустрии, посебно во време на глобална пандемија кога личните и корпоративните бизниси функционираат онлајн:

  • Data Analyst се вбројува во топ 5 најбарани професии кои ќе бидат застапени по Covid-19 пандемијата
  • Програмерите (Microsoft, Web Developer, Python…) се секогаш помеѓу најбараните и најдобро платените професии на светско ниво.
  • Софтвер тестер е најбрзо растечката професија во моментов но и релативно лесно се учи,
  • Креативните индустрии се во постојан дефицит за квалификувани графички дизајнери, дизајнери за социјални медиуми и Adobe – сертифицирани кадри
  • Развојот на Андроид апликации е во полн ек. Компаниите се во постојана потреба од андроид девелопери.
  • Сајбер безбедноста е приоритет број 1 за секоја корпорација во време кога незаштитените системи се на мета на сајбер напаѓачи, а со тоа побарувачката за Network defenders е во постојан пораст.
  • BIM технологијата е најактуелната апликација во градежништвото и архитектурата. Навлезена е во националните регулативи како мандаторен софтвер при изработка на проекти при јавни набавки.

Програмите се креирани според најновите трендови со цел секој да се пронајде во една од овие професии и преку стипендија да добие шанса за перспективна кариера.

Ова е одлична можност за сите кои прават целосна преквалификација, невработени лица, вработени лица кои сакаат да ги прошират своите знаења и да напредуваат во кариерата.

Детален приказ и информации за овие програми може да добиете на слендиот линк mentorski.semosedu.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП