18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПромена на курсот – „Lamborghini“ преминува на хибриди и електрични автомобили (ВИДЕО)

Промена на курсот – „Lamborghini“ преминува на хибриди и електрични автомобили (ВИДЕО)

Претседателот и извршен директор на „Lamborghini“, Стефан Винкелман, го претстави патоказот за електрификација на брендот, кој предвидува употреба на мотори со внатрешно согорување за само уште две години. Компанијата потоа ќе се фокусира на хибриди и електрични автомобили.

Планот предвидува вкупно 3 фази за развој на италијанскиот производител на спортски автомобили, кој е дел од групацијата „Volkswagen“. Оваа стратегија е јасно различна од што и да рече раководството дека ќе направи во блиска иднина. Таа се состои од три фази.

Првата е збогување на моторот со внатрешно согорување во 2021-ва и 2022-ра година, за кое време ќе бидат претставени специјални модели, оддавајќи почит на славната историја на марката. „Lamborghini“ наскоро ќе ја објави премиерата на два нови автомобили со V12 мотори. Сепак, овие нема да бидат целосно нови модели, туку верзии на сегашните, најверојатно еволуција на „Aventador“.

Втората фаза е премин кон хибриден погон, а во 2023-та година ќе има вистински суперавтомобил со мешана единица (првиот модел на марката – „Sian“, е во ограничено издание од 82 единици). Една година подоцна, целиот асортиман на марката ќе биде електрифициран, а „Lamborghini“ ветува дека ќе ја задржи високата моќност и ќе ја надомести зголемената тежина со употреба на лесни материјали.

Компанијата ќе инвестира околу 1,5 милијарди евра во хибридизација на своите модели, а на крајот на деценијата ќе се направи третиот чекор од планот – создавање на првиот целосно електричен „Lamborghini“. До 2030-та година, производителот ќе претстави 4 модели целосно на електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП