27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi“ работи на модуларен телефон и „pop-up“ ротирачка камера

„Xiaomi“ работи на модуларен телефон и „pop-up“ ротирачка камера

Според патентот, уредот би се состоел од три модули – горниот модул ќе содржи задни камери и табла со процесор, RAM и меморија на телефонот. Средниот модул ќе биде батерија, а долниот модул содржи порта за полнење преку USB и звучник.

Рендерите направени од „LetsGoDigital“ покажуваат како може да изгледа телефонот. На рендерите гледаме темно сина боја на „Xiaomi“ уред со три варијабилни модули. Интересно е да се видат различни апликации за дизајнот на камерите. Постојат три различни горни модули, од кои едниот има хоризонтален систем на четири камери, а другиот има правоаголна тројна камера.

Постои и дизајн на камера со хоризонтален систем на три камера и екран поставен веднаш до него. Овој екран најверојатно ќе се користи за правење селфи или портрети. Два различни пониски модули се исто така присутни на дисплеите, што сугерира на прилагодување во однос на аудио опциите. Можеби конечно можевме да го видиме враќањето на 3,5-милиметарскиот приклучок за слушалки со вистинскиот модул. Овој различен дизајн на модулот подразбира можност за големо прилагодување на уредот пред и по купувањето.

Новите патенти на „Xiaomi“ не застануваат тука. Компанијата неодамна доби и други два патенти за паметни телефони. Внатрешниот патент за „pop-up“ камерата открива дека компанијата експериментира со новата технологија на предната камера. Според „LetsGoDigital“, наместо да се појави предната камера, патентот покажува дека главната задна камера ќе ротира и ќе се појави внатре под екранот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП