5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКаде е и што прави Бил Гејтс после разводот?

Каде е и што прави Бил Гејтс после разводот?

Бил Гејтс бил на својот луксузен рурален имот во Калифорнија, кога јавноста дозна за неговиот развод со Мелинда Гејтс, а тој се уште е таму, според американските медиуми.

Двојката, која беше во брак 27 години и има три деца, неодамна објави дека ќе се разведе.

Според медиумите, милијардерот веќе неколку месеци е во својата мултимилионска куќа во Винтиџ клубот (луксузен голф-клуб) во Индијан Велс.

Основачот на Мајкрософт бил забележан оваа недела во луксузниот голф-клуб со неговата 25-годишна ќерка Џенифер Гејтс и нејзиниот партнер.

„Тоа е совршено место за Бил да се сокрие од секој што сака да го испрашува за разводот или наводни надворешни врски“, пишува во извадокот за Пејџ Сикс.

Гејтс ја купи оваа вила уште во 1999 година, за 12,5 милиони долари.

Локацијата на оваа вила (Винтиџ Клуб) е опишана како една од најпрестижните и ултра ексклузивни приватни заедници во САД.

Клубот, чие членство бара 250.000 американски долари, има неколку истакнати членови, американски бизнисмени и милијардери, како што се Филип Аншуц, Чарлс Кох и Денис Вашингтон.

Цените на недвижностите во клубот се движат од 755.000 долари за викендица, па до над 17 милиони долари за нормална куќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП