27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо 240 години, „Debenhams“ ги затвори вратите засекогаш

По 240 години, „Debenhams“ ги затвори вратите засекогаш

Последните преостанати продавници на „Debenhams“ беа затворени во саботата, повеќе од 240 години откако стоковната куќа започна со трговија, пренесува „ВВС“.

Купувачите се насочија кон последните преостанати продажни места за да ги искористат поволните цени. Но, последните 28 продавници ги затворија засекогаш. Брендот „Debenhams“ ќе продолжи да работи на Интернет откако во јануари беше купен од модниот трговец на мало „Boohoo“ за 55 милиони фунти.

Во својот најславен период, „Debenhams“ работеше со повеќе од 150 продавници низ Велика Британија, но ланецот банкротираше во 2019-та година по неколку години неподносливо опаѓање на продажбата.

Пандемијата беше последниот удар

Во декември, сопствениците на брендот објавија дека бизнисот ќе биде ликвидиран со изгубени 12.000 работни места. По олеснувањето на мерките на Островот, 97 продавници повторно се отворија за да дозволат расчистување на последната залиха на стоки, со постепеното затворање на вратите се случи во текот на изминатите две недели.

Најпоследните продажни места беа изналепени со знаци за распродажба кои нудеа широк спектар на стоки – од бикини до машини за кафе – по разумни цени.

„Debenhams“ беше, благо речено, основна продавница, особено во многу средни урбани центри како што е Менсфилд, каде што беше отворена во 1976-та година.

Оваа недела полиците беа празни во делот за козметика, додека кутиите со останатите закачалки за палта беа бесплатни за секој што сакаше да ги набави. Но, кога продавницата влезе во последните денови на тргување, имаше повеќе клиенти отколку за претходно, велат вработените во продавницата.

Тие потсетија дека во раните денови кога продавницата продаваше огромна палета на стоки – од тавански скали до оранжерии.

„Продавницата цветаше во 70-тите и 80-тите години. Девојките од фабриката навистина зуеја во петок попладне“, рече Гленис Томпсон.

Затворањето ќе остави „голема празнина во градот“, додаде Џули Хоу, друга поранешна вработена во „Debenhams“.

„Не е сè во поврзано со онлајн купување и Ковид-19. Компанијата го изгуби својот пат, што е многу тажно“, додаде таа.

Корените на „Debenhams“ потекнуваат од 1778-ма година, кога Вилијам Кларк отвори продавница во лондонскиот Вест Енд, продавајќи ткаенини, капи и чадори. До 1950-тите, „Debenhams“ стана најголемата стоковна куќа во Велика Британија со 110 локации.

Во последниве години, сепак, преминот кон онлајн купување имаше негативно влијание врз продажбата и бизнисот пропадна. „Debenhams“ беше понуден за продажба во минатата година, но брендот на крајот ќе преживее на Интернет, како дел од целосно дигиталната модна компанија „Boohoo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП