27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„AT&T“ е во преговори за спојување на своите медиумски активи со „Discovery“

„AT&T“ е во преговори за спојување на своите медиумски активи со „Discovery“

Американскиот телекомуникациски гигант „AT&T“ е во преговори за спојување на „WarnerMedia“ со „Discovery“ како дел од зделката која ќе ја зајакне позицијата на комбинираната компанија против конкурентите како „Netflix“ и „Disney“, велат извори запознати со ова прашање.

Планот на „AT&T“ е да го оддели својот медиумски бизнис за да се спои со „Discovery“.

Договорот може да биде објавен наскоро, додаваат изворите, кои сакале да останат анонимни. Според нив, преговорите не се конечни и може да не доведат до договор.

Од „AT&T“ и „Discovery“ одбија да коментираат за „CNBC“.

Според потенцијалната структура на зделката, се планира спојување на „Discovery“ со целата „WarnerMedia“ и создавање на нова јавно тргувана компанија, која ќе биде во сопственост на акционерите во „AT&T“ и „Discovery“, велат изворите.

Според нив, акционерите на „АТ&Т“ ќе имаат право на глас. Точната поделба меѓу двете компании е сè уште нејасна. Пазарната капитализација на „Discovery“ е 16 милијарди долари. „AT&T“ го купи „Time Warner“, тогаш преименуван во „WarnerMedia“, за 85 милијарди долари во акции во 2018-та година.

Доколку биде одобрен од регулаторите, договорот ќе го смени долгогодишниот план на „AT&T“ за комбинирање на содржина и дистрибуција во вертикално интегрирана компанија.

Разговорите веројатно ќе го проценат бизнисот на „AT&T“ на повеќе од 50 милијарди долари, заедно со долгот, објави „Dow Jones“, повикувајќи се на свои извори. Новата компанија се очекува да ја води извршниот директор на „Discovery“, Давид Заслав, пренесува „Bloomberg“.

Договорот ќе ги потенцира тешкотиите што ги имаат телекомуникациските компании како што се „АТ&Т“ и „Verizon Communications“ во изнаоѓање начин да ги отплатат своите медиумски активности. Преку „WarnerMedia“, „AT&T“ е сопственик на „CNN“, „HBO“, „Cartoon Network“, „TBS“, „TNT“ и „Warner Bros“.

„Discovery“, поддржан од кабелскиот магнат Џон Мелоун, контролира мрежи како што се „HGTV“, „Food Network“, „TLC“ и „Animal Planet“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП