26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНа кои автомобили најчесто се враќа километражата?

На кои автомобили најчесто се враќа километражата?

Не е тајна дека многу од понудените користени автомобили имаат вратена километража. Студија на мрежниот сервис „Droom“ покажува кои возила најчесто се подложени на оваа интервенција.

Студијата опфаќа проверки на реалната километража на 75.000 возила, покажувајќи дека најчесто покажувањата на километражата се менуваат најмалку двапати во просек на 104.000 километри. Откриено е дека колку е поевтин автомобилот, толку е поголема шансата да се изманипулира со неговата километража. Сепак, голема е и можноста да добиете поскапо возило со вратена километража.

Главната причина за манипулацијата, се разбира, е желбата да се продаде возилото, затоа што километражата е еден од најважните критериуми при купувањето. Статистичките податоци покажуваат дека дури и ако возилото е во сериозна возраст и е во лоша техничка состојба, тоа е многу попривлечно за купувачите од поновиот автомобил со голема километража.

Истражувачите даваат и специфични примери. „BMW Series 5“ и „Mercedes-Benz E-Class“, произведени во 2017-та година, во моментов се продаваат во опсег од 35.000 до 50.000 евра, со километража помеѓу 20.000 и 75.000 км. Ова покажува дека колку е поново возилото и помала километражата, толку е поголема цената.

Во исто време, во 73% од прегледаните автомобили во вредност до 5.000 евра на некои пазари, беше откриено несовпаѓање во реалната километража и онаа на таблата со инструменти. Покрај тоа, кај некои автомобили манипулацијата била извршена 2-3 пати, а просечните намалени километри за овој ценовен сегмент се 180.000.

Она што дозволува движење низ километражата е фактот дека буџетските автомобили, за разлика од премиум моделите, не се опремени со скапи електронски уреди кои ја снимаат километража секој ден и складираат информации во различни системи. Измамниците го користат ова и ја враќаат километражата на поевтините автомобили.

За автомобили вредни помеѓу 5.000 и 10.000 евра, километражата е вратена во 62% од случаите. Во следниот ценовен сегмент – помеѓу 10.000 и 15.000 евра, откриена е измама кај 51% од автомобилите, а во овие две категории километражата е изманипулирана најмалку 2 пати – во просек 78.000 – 100.000 км.

Купувачите на поскапи автомобили исто така не се сигурни. Во 40% од понудените автомобили со цена помеѓу 15.000 и 30.000 евра, километражата се враќа во просек од 60.000 км. Додека за премиум моделите кои започнуваат од 30.000 евра, има измама е во 30% од случаите, во просек од 25.000 км.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП