29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААмериканската морнарица снимила НЛО: Лебдело над Тихиот океан, а потоа влегло во...

Американската морнарица снимила НЛО: Лебдело над Тихиот океан, а потоа влегло во вода! Пентагон се огласи! (ВИДЕО)

Неодамна објавената снимка од мистериозниот објект, направена над крајбрежјето на Калифорнија, беше автентично потврдена од американската армија, додавајќи дека видеото е снимено од воен брод и дека истрагата е во тек.

Видеото е објавено од американскиот филмски уметник Џереми Корбел, а може да се види топчест предмет како лета над океанот пред да исчезне во водата.

Откако снимката се прошири на интернет, Пентагон потврди дека настанот го снимиле американските морнари.

„Можам да потврдам дека сè е снимено од припадници на морнарицата, а истрагата за тој случај е во тек“, рече Сузан Гоф, портпарол на Пентагон. Случајот го истражува специјална група за неидентификувани воздушни феномени (УАПТФ) формирана како дел од разузнавачките структури на Пентагон.

На снимката се слушаат и морнарите кои ја коментираат чудната глетка пред нив.

Иако Гоф не понуди други детали за видеото, Џереми Корбел тврди дека видеото е снимено во близина на Сан Диего во 2019 година од командниот центар на воениот брод УСС Омаха.

Пентагон претходно соопшти дека ја откажал програмата за следење на НЛО, но минатата година, во извештајот до Сенатот беше објавено дека работата ја продолжува друго тело, УАПТФ. Сенатот му нареди на тоа тело да ги објави своите извештаи за НЛО до јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП