4 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАГермански вирусолог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Германски вирусолог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, рече дека постои голема веројатност дека сите ќе мора повторно да се вакцинираат.

Но, тоа ќе биде следната година.

Мертенс за новинската групација „Фанке“ изјави дека во моментов нема информации за тоа кога ќе бидат потребни дополнителни „засилувачки дози“, а здравствените експерти ќе мора да почекаат уште неколку месеци за да видат дали заштитата од коронавирусот е слаба кај одредени групи на луѓе.

Тој додаде дека „вирусот нема да не пушти“ и дека вакцинациите кои се во тек нема да бидат последни.

„Во принцип, мора да се подготвиме за можноста сите да треба да бидат имунизирани и следната година“, рече Мертенс.

Скоро 30,4 милиони луѓе во Германија или 36,5 проценти од населението, примиле барем една вакцина до петокот.

Повеќе од девет милиони, или 10,9 проценти од населението, биле ревакцинирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП