26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБионтек има големи планови: Парите кои ги заработија на вакцината ќе ги...

Бионтек има големи планови: Парите кои ги заработија на вакцината ќе ги вложат во медицината!

Германската фармацевтска компанија Бионтек со својата вакцина против коронавирусот се искачи на самиот врв на светската фармација – и научно и финансиски, но веќе размислува за времето по оваа пандемија и подготвува огромна инвестиција во Сингапур, пишува Дојче веле (DW)

Во првиот квартал од минатата година, Бионтек сепак забележа загуба од околу педесет милиони евра, но сите трошоци за истражување и инвестиции се исплатија и во моментов работи на зголемување на производството.

Бионтек од Мајнц го зголеми својот промет во првиот квартал од 2021 година во споредба со истиот период во 2020 година за над 70 пати на околу две милијарди евра. А, заработката е тројно зголемена на околу 1,1 милијарди евра.

Бионтек е подготвен да ја преземе улогата на глобален концерн кој ќе има деловни активности дури и по пандемијата на короната, пишува Дојче веле.

Нивната специјалност и понатаму ќе бидат вакцините против заразни болести – генетски модифицирани препарати за кои се предвидува дека ќе играат голема улога во медицината, сè до борбата против ракот.

Кога станува збор за вакцината, Бионтек планира седиште за југоисточна Азија во Сингапур, каде се планира фабрика која ќе може да произведува до милијарда дози вакцини годишно.

Бионтек не сака да зборува конкретно за висината на инвестицијата, но во секој случај, како што наведува ДВ, станува збор за „стотици милиони американски долари“.

Според медиумите, Сингапур лесно прифатил и учествува во инвестицијата, а тамошниот погон треба да започне со работа во 2023 година.

Најголем купец на Бионтек сè уште е Европската унија, која неодамна значително ја зголеми својата нарачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП