Светската здравствена организација денеска ги повика богатите земји да ги преиспитаат плановите за вакцинирање на деца против Ковид-19 и наместо тоа да донираат вакцини во ковакс механизмот за сиромашните земји.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус предупреди дека втората година од пандемијата ќе биде поубиствена од првата и дека особено Индија предизвикува голема загриженост.

