19 април, 2024
ПочетнаКОРОНААмерика: Целосно вакцинираните лица не мораат да носат маски и да одржуваат...

Америка: Целосно вакцинираните лица не мораат да носат маски и да одржуваат растојание

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) советува дека целосно вакцинираните лица не треба да носат маски на отворено и во повеќето затворени простори.

Центарот, исто така, рече дека целосно вакцинираните луѓе нема да мора да одржуваат физичко растојание на повеќето места. Од таму изразуваат надеж дека новите упатства, ќе бидат охрабрување за да се вакцинираат повеќето Американци.

Директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, вели дека попуштањето на мерките произлегува од актуелната ситуација и наглото опаѓање на новозаразени случаи со коронавирус, вакцинацијата на помладите лица и ефикасноста на вакцините против новите видови на коронавирус.

Центарот се соочи и со критики, дури и од службеници на јавното здравје. Критичарите велат дека луѓето мора да чувствуваат поголема корист од вакцинацијата, во смисла на враќање во нормалните активности.

Центарот сепак препорачува вакцинираните лица да носат маски во авиони и возови, на аеродроми, места за масовен транзит и области како што се болници и медицински канцеларии.

Маските станаа политичко прашање во САД со тоа што претходниот претседател Доналд Трамп се спротивставуваше на задолжителното носење маски, додека претседателот Џо Бајден прифати маски и ги направи задолжителни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП