18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Peugeot“ исто така подготвува и крос-купе

„Peugeot“ исто така подготвува и крос-купе

Во март, „Peugeot“ ја претстави новата генерација на компактниот хечбек „308“, а неодамна и премиера на караванот. Следната година, семејството ќе биде комплетирано со друга модификација – кросовер во форма на купе, што може да го носи името „Peugeot 308 Cross“.

Според „Motor.es“, овој автомобил ќе се појави на пазарот во првата половина од 2022-ра година, а во моментов го носи фабричкиот индекс „P54“. Негов главен конкурент на пазарот ќе биде европската верзија на „Renault Arkana“. Се очекува во Германија цените на моделот на „Renault“ да започнат од 27.850 евра, а се претпоставува дека и моделот на „Peugeot“ ќе чини толку.

Сè уште не е јасно како ќе изгледа автомобилот, но дизајнерите на „Motor.es“ ја понудија својата визија. Судејќи според тоа, предниот дел на моделот ќе остане ист како кај „308“, само ќе се прошират калниците. Пластични заштитници исто така ќе се појават околу периметарот на телото.

Задниот дел ќе добие наклонет покрив, додека внатрешноста нема да се менува во споредба со стандардниот модел. Кросоверот ќе добие виртуелна табла со „3D“ ефект, што е достапна за врвните верзии на „308“, како и 10-инчен екран на мултимедијалниот систем.

Идниот модел ќе биде достапен само со електрифицирани мотори. Ова значи „меки хибриди“ со бензински мотор и 48-волтен стартер-генератор, како и хибриди за полнење кои развиваат 180 и 225 ks. Во втората варијанта, ова значи комбинација на 1,6-литарски бензински турбо мотор „PureTech“ со 4 цилиндри и електромотор со 110 ks.

Можно е идното крос-купе на Французите да добие друго име – „3008 Cross“. Повеќе детали допрва треба да бидат објавени, бидејќи официјалната премиера на моделот е закажана за следната пролет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП