20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ прави гејмерски смартфон

„Samsung“ прави гејмерски смартфон

Јужнокорејската компанија „Samsung“ одлучи да направи специјален паметен телефон за игри.

Многу производители веќе планираат да направат специјални телефони за игри, а сега тоа го сака и „Samsung“.

Нивните паметни телефони се едни од најлошите за играње игри и од компанијата наведуваат дека им е жал за тоа и дека сакаат повеќе да се фокусираат на игри за мобилни телефони.

Затоа, тие ќе направат нов телефон, кој ќе биде посебен за игри, со секако основните функции што ги има секој мобилен телефон.

„LetsGoDigital“ пренесува дека „Samsung“ ќе има опција на новиот смартфон каде што корисниците ќе можат да го вклучуваат и исклучуваат кулерот и со тоа самите ќе ја контролираат температурата.

„Samsung“ во моментов нема мобилен телефон со кулер.

Компанијата не даде коментар за ова прашање, а „LetsGoDigital“ наведува дека нема да објавува ништо се до појавувањето до прототипот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП