19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвојно повисока дневница за работа во недела само во трговијата?!

Двојно повисока дневница за работа во недела само во трговијата?!

Според измените во законот за трговија, сите оние работници во трговијата кои во недела ќе бидат ангажирани ќе добијат 100 проценти повисока дневница. Работодавачите кои нeма да го почитуваат тоа ќе бидат санкционнирани. Сепак, на останатите вработени за работа во недела според законот за работни односи, им следува најмалку 50 проценти за секој поминат час.

Синдикатите, пак, бараат правата на работниците да бидат регулирани со еден закон, со законот за работни односи, а не со повеќе закони, со образложение дека само така сите работници во земјава ќе бидат еднакво третирани.

-Ова право кое конечно ќе се воведе, а е по барање на ССМ уште од 2017-та година треба да се уреди само со Закон за работни односи како основен Закон од трудовото право, а не да се уредува со посебни закони затоа што тоа може да доведе до нееднаквост на правата на работниците и да предвизвика правна несигурност, вели Слободан Трендафилов од ССМ.

Од Сојузот на синдикати сметаат дека зголемувањето на додатокот на плата во недела треба да биде за најмалку 100 проценти за секој час поминат на работа на овој ден. Бараат и поголеми механизми за заштита и серизони казни за да се спречат какви било злоупотреби.

Според измените во Законот за трговија, кој е веќе прикачен на ЕНЕР, се предвидува во недела да работат моловите, односно продавниците во трговските центри ќе бидат отворени од 10 до 18 часот, трговците поединци, бензиските станици, продавниците во туристичките центри како што се занаетчкиските дуќани. Но овие сопственици самите ќе треба да го утврдат работното време кое не треба да биде подолго од 8 часа. Без ограничувања ќе работата и угостителските објекти, но и кината.

За работа во недела ќе се наплаќа и посебен данок- два отсто од приходите кои ќе бидат остварени во денот. Сите оние кои нема да ги почитуваат законите ќе бидат санкционирани. Од Владата посочија дека наместо само трудовиот, во контролите ќе се вклучат и инспектори од пазарниот инспкторат. Сите работници кои ќе бидат ангажирани на овој ден ќе бидат пријавени и врз основа на тоа ќе се проверува дали тие биле дополнително платени.

Според Законот за работни односи пак, дел од дејностите кои заради технолошките производни процеси мора да работат и во недела се: одгледување на животни, вадење руди, камен, јаглен, производство на метали, аптеки, телекомуникации, снабдување со енергија, царинските, противпожарните служби, копнен, воден и воздухопловен транспорт , погребни и слични дејности.

Законските измени месецов треба да се најдат на владина седница. Од Владата сметаат дека со нив ќе се зголеми задоволството и мотивираноста на работниците, а тоа ќе помогне и за зголемувње на продуктивноста и подобри економски резултати.

Забраната за работа во недела ќе почне да се применува од следната година, иако синдиктите сметаат дека треба да биде од оваа. Според податоците, во регионот Словенија е последна која воведе неработна недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП