Компанијата „Palantir“, која развива софтверски и аналитички алатки за одбранбената индустрија и големите корпорации, објави раст на приходите од 49% во првиот квартал, надминувајќи ги предвидувањата на „Wall Street“, пишува „CNBC“. Профитот успеа да ги исполни очекувањата.
Сепак, цената на акциите на компанијата падна за повеќе од 10% пред почетокот на тргувањето со акции денес.
Основана во 2003-та година од Питер Тил, Џо Лонсдејл, извршниот директор Алекс Карп и други, „Palantir“ го градеше својот бизнис во голема мера преку своите големи зделки со владата за својот софтвер за анализа на податоци. Компанијата тврди дека приходите од владата достигнале 208 милиони долари. Исто така, го прошири својот комерцијален сегмент во текот на кварталот, благодарение на силниот раст во САД. Вкупните приходи од продажба достигнаа 133 милиони долари.
Компанијата соопшти дека нејзиниот приход од потрошувачите се зголемил на 8,1 милиони долари. Во својот извештај за четвртиот квартал, „Palantir“ вели дека просечните приходи за 2020-та година достигнале 7,9 милијарди долари. Оние од првите 20 клиенти се 36,1 милиони долари.
Во последниот квартал „Palantir“ имаше 149 клиенти. Во првата половина на минатата година, нивниот број беше 125.
Од „Palantir“ тврдат дека склучил 15 зделки во вредност од 5 милиони долари или повеќе, како и 6 зделки во вредност од 10 милиони долари или повеќе.
„Palantir“ делумно го припише растот во кварталот од економското закрепнување во Соединетите држави и Велика Британија, што помогна да се зајакне растот на неговиот комерцијален бизнис. Компанијата соопшти дека нејзините приходи од американската влада скокнале за 83% на годишно ниво, а нејзините приходи за трговија скокнале за 72%.
Компанијата очекува да оствари приход од 360 милиони долари во својот втор квартал, за разлика од предвидените 344,4 милиони долари од аналитичарите според „Refinitiv“. „Palantir“ ја потврди својата прогноза за 30 проценти или повеќе раст на годишните приходи од 2021-ва до 2025-та година.
Компанијата откри дека размислува да додаде биткоин во билансот на состојба, наведувајќи дека криптовалутата „дефинитивно е на дневен ред“. Исто така, прифаќа биткоин како форма на плаќање.
„Palantir“ излезе во јавноста минатиот септември преку директна котација на берзата во Њујорк, каде што го отвори тргувањето со 10 долари за акција. Почетната цена му даде на „Palantir“ пазарна капитализација од 16,5 милијарди долари. Неговата капитализација тогаш се зголеми, достигнувајќи 30,44 милијарди долари до крајот на трговската сесија во вторникот.