20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот како што беше досега, и да трае до 4 часот наутро.

По претходно донесената одлука на Владата од 27 април, исклучок од забраната за движење ќе има утре, односно од 12 кон 13 мај, кога пореди верскот празникот Рамазан Бајрам нема да има полициски час.

Од Владата посочија и дека угостителските објекти од утре (12 мај) ќе смеат да работат до 23 часот и 30 минути, но само во отворениот дел од објектите.

Истовремено, одлучено е дека може да се организираат настани, согласно протоколите, но само со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Со одлуката се зголемува и бројот на децата кои се згрижуваат во градинките, односно, наместо 15 деца, сега ќе може да се згрижуваат по 20 деца во една група.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните пак, од утре ќе може да отпочнат со работа во нивните објекти.

Од Владата истакнаа и дека на денешната седница е одлучено да се дозволи користење на годишните одмори за здравствените работници.

Ваквите мерки, како што посочуваат од таму, ќе важат до 18 мај.

Mинистерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.

На инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 701 коивид-пациент и има околу 1.000 празни болнички кревети во ковид-центрите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП