3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАChrome има сериозни безбедносни пропусти

Chrome има сериозни безбедносни пропусти

chorme

Поголемиот број на пребарувачи ве прашуваат дали сакате да ја зачувате вашата лозинка за следниот пат полесно да се логирате на одреден налог. Нормално сите би сакале да мислат дека лозинките се сместени на некое безбедно место, меѓутоа откриено е дека е премногу лесно да се дојде до лозинките кои се сочувани на „Chrome“.

Како што откри програмерот Елиот Кембер се што треба да сторите во „Chrome“ за да дојдете до вашите или туѓите лозинки е да го упатите прелистувачот на „chrome://settings/passwords“ или само да ги пронајдете истите тие лозинки во понапредните подесувања на прелистувачот.

Кога ќе кликнете на зачуваните записи ќе се појави „покажи“ покрај зачуваната лозинка. Доколку го притиснете тоа пред вас ќе се појави зачуваната лозинка.

Тоа значи дека секој кој има пристап до вашиот пребарувач без поголеми проблеми може да дојде до зачуваните податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП