7 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАОдобрена употреба на вакцината Pfizer/BioNTech за деца од 12 до 15 години

Одобрена употреба на вакцината Pfizer/BioNTech за деца од 12 до 15 години

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) одобри итна употреба на вакцината на Pfizer и BioNTech против коронавирус за деца на возраст од 12 до 15 години.

ФДА објави дека вклучи милиони деца во програмата за вакцинација со одлука за намалување на старосната граница. Pfizer/BioNTech е првата вакцина против ковид-19 одобрена во САД за итна употреба за оваа возрасна група, што се смета за важен чекор кон безбедно враќање на децата на училиште.

Американскиот претседател Џо Бајден побара од сојузните држави веднаш да обезбедат вакцини за младите адолесценти.

„Денешната одлука овозможува заштита на помладата популација од инфекција со коронавирус, што нè приближува кон враќање во нормала и крај на пандемијата. Родителите и старателите на децата можат да бидат уверени дека агенцијата спроведе ригорозна и детална проверка на сите достапни податоци, како што тоа го сторивме во случаи на други одобренија за итна употреба на вакцини против ковид-19“, рече в.д. Претседателката на ФДА, Џенет Вудкок

Повеќето деца кои се инфицираат со коронавирус развиваат благи симптоми или воопшто немаат. Сепак, децата не се целосно надвор од ризик да се заразат сериозно и можат да ја шират инфекцијата.

До недела, скоро 46 проценти од населението во Соединетите држави биле вакцинирани со најмалку една доза на вакцина против коронавирус. Сепак, темпото на вакцинација е забавено откако најголемиот број од над 3,3 милиони дози неделно беше забележан во средината на април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП