24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајочекуваната апликација конечно е достапна и за корисниците на Андроид

Најочекуваната апликација конечно е достапна и за корисниците на Андроид

Неверојатната популарност на оваа апликација, која ја презедоа 9,6 милиони луѓе само во февруари, поттикна некои други социјални мрежи да направат копија од нејзините можности и да ја понудат на корисниците.

Апликацијата за аудио разговор Clubhouse, која се здоби со популарност во последните месеци благодарение на голем број познати личности кои започнаа да ја користат, конечно е достапна и за корисниците на Android

Но, како што објавија од компанијата која стои зад апликацијата, станува збор за тест верзија што е достапна само за корисниците во САД. Исто како што е за корисниците на iPhone, корисниците на Android исто така ќе треба да имаат покана за да можат да пристапат до Clubhouse. За време на тест-периодот, велат од компанијата, тие ќе соберат повратни информации од корисниците, за да можат да ги решат сите проблеми или грешки и да ги поправат пред да ја ослободат целосната апликација во продавницата на Google Play.

Да потсетиме, неверојатната популарност на оваа апликација, која ја презедоа 9,6 милиони луѓе само во февруари, поттикна некои други социјални мрежи да направат копија од нејзините можности и да им ја понудат на корисниците.

Иако поканите за Clubhouse беа многу барани, тие дури беа и продавани на интернет-аукции во Кина, а последните недели популарноста на оваа апликација се намалува. Која е причината за губење интерес за корисниците тешко е да се утврди. Некои аналитичари сметаат дека Clubhouse, како и многу други апликации за комуникација, профитирале од фактот дека луѓето поминувале многу време дома, одделени од пријателите и семејството. Други веруваат дека причината за падот е фактот што Clubhouse (досега) немаше Андроид апликација.

Во моментов лансирањето на официјалната апликација за Android може да донесе нов бран на корисници во Clubhouse. Досега е познато дека апликацијата ќе биде достапна на пазарите каде што се говори англиски јазик во следните неколку недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП