18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКаде паднаа остатоците од кинеската ракета

Каде паднаа остатоците од кинеската ракета

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа во Индискиот океан, а повеќето нејзини компоненти беа уништени кога влезе во атмосферата на Земјата, објавија кинеските државни медиуми, пренесува Ројтерс.

Делови од ракетата „Long March 5B“ влегоа во атмосферата во 10.24 часот по локално време, објави Ројтерс.

Местото на несреќата било во Индискиот Океан, југозападно од Индија и Шри Ланка, објави кинеската агенција за вселенски летови.

Повеќето остатоци од ракетата изгореа во атмосферата, се додава во соопштението.

На 29 април, ракетата „Long March 5B“ висока 30 метри ја лансираше модулот „Небесна хармонија“ за вселенската станица Тијанхе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП