Од Маранело пристигнуваат два нови бисери од семејството „812“.
„Ferrari“ воведе две нови верзии опремени со атмосферски V12 мотор кој „врти“ до 9.500 вртежи во минута.

Од Маранело пристигнуваат два нови бисери од семејството „812“.
„Ferrari“ воведе две нови верзии опремени со атмосферски V12 мотор кој „врти“ до 9.500 вртежи во минута.

Тоа се „812 Competizione“ и „812 Competizione A“, со таканаречен „тарга“ покрив.

Двете верзии се напојуваат со 6,5-литарски V12 кој произведува 830 ks и 692 Nm, што е за 30 „коњски сили“ повеќе од „обичниот“- „812 Superfast“.
Покрај тоа, моторот „врти“ до 9.500 вртежи во минута, што е повеќе од кое било „Ferrari“.

Со маса нешто помалку од 1.500 kg, новото дуо на „Ferrari“ забрзува до 100 за фантастични 2,85 секунди, а до 200 km/h овие автомобили пристигнуваат за 7,5 секунди. Максималната брзина е 340 km/h.

Од „Ferrari“ не ја објавија точната цена на овие два автомобили, но се претпоставува дека тие ќе започнат со околу половина милион евра.

Сепак, тоа не е толку важно, бидејќи, како што се наведува, моделите „812 Competizione“ се распродадени однапред.