27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвиокомпанијата „IAG“ повторно објави загуба

Авиокомпанијата „IAG“ повторно објави загуба

Колапсот на бизнисот во контекст на коронакризата генерираше загуба од милијарди евра во првиот квартал за „IAG“ – матичната компанија на „British Airways“. Со нешто помалку од 1,1 милијарда евра, загубата е околу 37 проценти помала отколку на почетокот на пандемијата пред една година, објави во петокот „International Airlines Group“ (IAG).

Оваа година, извршниот директор Луис Галего, ја планира со голема претпазливост. Во споредба со предикризната 2019-та година, компаниите под покровителство на „IAG“ – „British Airways“, „Iberia“, „Vueling“, „Aer Lingus“ и „Level“, ќе понудат само околу една четвртина од нивниот летен капацитет во тековниот втор квартал.

Во првите три месеци од годинава, авиокомпаниите на групата превезуваа само 2,6 милиони патници, што е за 87 проценти помалку од претходната година. Глобалните ограничувања за патување поради пандемијата со Ковид-19 доведоа до колапс на воздушниот сообраќај до март. Консолидираната продажба сега е намалена за 79%, на 968 милиони евра, а бизнисот со карго значително расте.

Како и другите шефови на авиокомпании, Галего се потпира на успехот во кампањите за вакцинација, меѓународните правила за тестовите за коровавирус за патниците и отворањето на коридорите за патувања меѓу земјите како што се Велика Британија и САД.

Поради постојаната неизвесност за пандемијата и постојаноста на ограничувањата за патувања, менаџерот сè уште не се осмелува да предвиди какви ќе бидат резултатите за 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП