26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто не е добро првото кафе да го пиете на празен стомак

Зошто не е добро првото кафе да го пиете на празен стомак

Утрото без кафе за многумина од нас е незамисливо, но колку и да уживате во првото кафе, сепак бидете внимателни со него.

Полемиката околу тоа дали кафето е здраво или не, се уште трае, но она што со сигурност може да го кажеме е тоа дека кафето на празен желудник не е ниту најмалку добра идеја. Шолја кафе на празен желудник претставува вистински удар за организмот.

Неоспорно е тоа дека кафето претставува значаен извор на антиоксиданси. Докажано е дека има ефект во превенцијата на некои малигни заболувања, како што е карциномот на дебелото црево. Но, влијанието на кафето врз нашиот организам може да биде и прилично негативно – особено ако се пие на празен желудник.

Шолја чисто црно кафе на празен желудник стимулира излачување на хлороводородна киселина во дигестивниот систем, а тоа многу брзо ќе го почувствуваат личностите кои се подложни на гастритис.

Во овој случај не се поштедени ниту оние кои немаат никакви здравствени проблеми, бидејќи хлороводородната киселина се користи за разградување на храната, а ако не сте појадувани, тогаш дефинитивно ќе имате проблеми во текот на останатите оброци. Особено тешко ќе се разградуваат протеините. А тоа е проблемот број два.

Протеините кои остануваат неразградени во телото можат да предизвикаат бројни здравствени проблеми како што е надуеност, иритација, па дури и воспаление на цревата, а во најлош случај и карцином на цревата.

Истражувачите кои се занимавале со оваа проблематика утврдиле дека најдобро е кафето да се пие еден час после будењето и тоа откако сте изеле барем едно парче леб. Кафето не треба да се пие веднаш после будењето бидејќи во тој момент нивото на кортизол е многу високо, па сепак би требало да почекате да се спушти. Кортизолот е всушност одговорен за контрола на биолошкиот часовник и ја поттикнува будноста.

Ова значи дека кафето на празен желудник воопшто не е добра идеја. Ако сепак не може да го одложите кафето за после појадокот, тогаш ублажете го со малку млеко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП