4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАG2 e новиот смартфон на LG

G2 e новиот смартфон на LG

lg g2

„LG“ официјално го претстави новиот предводник во својата палета на паметни телефони. Тоа е моделот „G2“, кој ќе е директен конкурент на „iPhone 5“, „Galaxy S4“, „HTC One“ и другите паметни телефони од повисоката класа.

Смартфонот ќе се обиде да воведе и нов тренд во дизајнот. Тој не располага со никакви физички или сензорни копчиња на предниот панел или страните. Наместо тоа копчињата за зголемување и намалување на звукот и вклучување и исклучување се сместени во средината на задниот панел точно под објективот на вградената камера.

Аргументот на „LG“ за ова решение е сосема логичен. Телефоните постепено стануваат поголеми и поставувањето на копчињата на краевите на маската станува се понепријатно. Преку нивната поставеност на задниот панел „G2“ ќе може да се управува со една рака без проблеми, сметаат од компанијата.

А самиот смартфон всушност е прилично голем. Неговиот екран е 5,2 инчен со HD 1080p резолуција. Користената технологија е „LCD“ во обид максимално да ги намалат димензиите на уредот, па така инженерите на „LG“ оставиле што е можно помалку простор од двете страни на екранот.

„G2“ го користи процесорот „Qualcomm Snapdragon 800“ кој е со 2.26GHz. Кон него е додадена 2GB RAM меморија и 16GB или 32GB меморија за складирање на податоци. Самиот дисплеј, исто така има сопствена графичка RAM меморија, која ќе го намали трошењето на енергија на екранот, велат од компанијата.

Уредот е опремен уште со 13МР камера со оптички стабилизатор на сликата. „G2“ е опремен и со „HiFi“ звук кој компанијата го дефинира како прв од ваков вид. На располагање се и некои софтверски функции на „Android“ платформата како автоматски кревање на дојдовен повик со поставување на телефонот до увото, автоматско пуштање на музичкиот плеер при поврзување на слушалки, вклучување на екранот преку двојно притискање со прст на него и др.

Смартфонот е опремен и со инфраред за функција како далечински управувач, NFC, WiFi и др. Вградената батерија е 3000mAh. Засега компанијата не ја соопштува цената и стартот на продажбата на истот, но за сметка на тоа најави дека тој ќе се појави речиси истовремено во над 130 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП