26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку средните и малите банки се конкуренција на големите банки

Колку средните и малите банки се конкуренција на големите банки

Во државата работат 14 банки од кои пет се големи, 6 се средни и три се мали банки.

Денар, анализата ја направи врз основа на показателите за пазарно учество по основа на одделни категории на банкарските активности на 31.12.2020 година објавени од Народната банка.

Така, пазарното учество на средните и малите банки во вкупната актива на банкарскот сектор изнесува 25,30 отсто, додека кај петте големи банки изнесува 76,50 отсто, а само кај трите најголеми банки изнесува 57,30 отсто.

Пазарното учество во кредитите кај домаќинствата изнесува 22,1 отсто, а кај кредитите на нефиинансиски друштва 23,5 отсто.

Кај депозитите на домаќинствата пазарното учество на средните и малите банки изнесува 17,7 отсто.

Кај депозитите на нефинансиските друштва учеството е 20,4 отсто.

Пазарното учество на петте големи банки кај депозитите на домаќинствата изнесува 82,3 отсто, а кај депозитите на нефинансиските друштва 79,4 отсто.

Во вкупните приходи средните и малите банки учествуваат со 21,4 отсто додека во вкупниот финансиски резултат на банките учествуваат со 10 отсто.

Од погоре изнесеното се забележува висока концентрација на банкарските активности кај големите банки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП