Халкбанк ги објави најинтересните фотографии на предизвикот по повод „Денот на планетата Земја“
Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. Фотографиите на Елмедина Елези, Константин Влахо, Мирјана Силјаноска, Ева Димоска и Елена Серафимовска Стојчевски, кои беа избрани за најинтересни и најкреативни, добија викенд во еко-ранчот на „Ванчо и Ранчо на Ката“ во Оморани. Сите фотографии што беа дел од предизвикот може да ги погледнете на страницата на Инстаграм на Халкбанк во делот #EcoYogaTree.





