29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за април 2021

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за април 2021

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.04 – 30.04.2021 година вкупниот промет изнесувал 686.557.257 денари и е намален за 9,37 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 530.254.240 денари и е зголемено во однос на март за 24,97 отсто кога изнесувало 424.295.968 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 509.908.506 5 денари и обврзници во вредност од 20.345.734 денари.

Блок трансакциите во април изнесувале 156.303.017 денари и се намалени за 53,09 отсто во однос на март.

Бројот на трансакции во април изнесувал 1.681 и е зголемен за 14,67 отсто во однос на март кога изнесувал 1.466.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за април се на Реплек АД Скопје, следи Гранит АД Скопје и третото место го зазема Комерцијална банка АД Скопје.

Месечниот статистички билтен зааприл 2021 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП