7 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку банки и штедилници работат во државата

Колку банки и штедилници работат во државата

Во 2020 година во Македонија функционираат 14 банки и 2 штедилници, објави Народната банка.

Банкарската мрежа е распространета во сите градови во земјата и се состои од 403 деловни единици.

Близу половината или 42,70 отсто од вкупниот број на деловни единици е сконцетриран во Скопскиот регион.

Мерено според бројот на жители по деловни единици, пристапот до банкарски услуги е најдобар во Скопскиот регион и во 2020 година тој број изнесува околу 3500 жители по деловна единица.

По различни региони во државата тој број е различен и доста поголем. Во Вардарскиот регион бројот на жители по деловна единица изнесува 4000, во Југоисточниот регион 5000 жители, во Југозападниот регион бројот е 6000 жителипо деловна единица.

Во Источниот регион бројот на жители по деловна единица е 5000 жители, во Пелагонискиот регион 6000 жители, во североисточниот регион 9000 жители и во Полошкиот регион 11000 жителипо деловна единица.

Се очекува подобрување до пристапот до банкарските услуги со вклучувањето на поштенските шалтери, со потпишување на договорот со Халк банка Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар