петок, 7 октомври 2022
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИМногу кредити - високи приходи од камати - високи добивки

Многу кредити – високи приходи од камати – високи добивки

Трите најголеми банки во државата, Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и НЛБ банка АД Скопје, кои зафаќаат 57,47% од банкарскиот бизнис во државата во 2020 година, ги објавија билансите за работењето во првиот квартал на 2021 година на сајтот на Македонската берза.

Трите банки го завршија првиот квартал од 2021 година со високи добивки и тоа:

  • Стопанска банка АД Скопје со добивка после оданочување во износ од 509.679 илјади денари
  • НЛБ банка АД Скопје со добивка после оданочување во износ од 499.309 илјади денари
  • Комерцијална банка АД Скопје со добивка во износ од 360.157 илјади денари

Високите добивки се резултат на остварените високи нето приходи од камати кои и покрај тоа што се пониски во однос на првото тромесечие на 2019 година сепак се на високо ниво.

Стопанска банка АД Скопје оствари нето приходи од камата во висина од 918.985 илјади денари, НЛБ банка АД Скопје оствари нето каматни приходи во износ од 718.335 илјади денари и Комерцијална банка АД Скопје оствари нето каматни приходи во износ од 576.273 илјади денари.

Високите износи на  приходи од камати произлегуваат од високите износи на кредити што ги одобруваат банките на физичките и правните лица.

Вкупниот износ на кредити што го одобриле трите банки е следниот:

  • Стопанска банка АД Скопје 71.940.468 илјади денари односно 940.497 илјади денари повеке во однос на 2020 година.
  • НЛБ банка АД Скопје 58.050.415 илјада денари или 72.704 илјади денари повеке од 2020 година.
  • Комерцијална банка АД Скопје 51.193.265 илјада денари или 239.427 илјади денари повеќе во однос на 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП