Побарувачката за дизел мотори продолжува да опаѓа и овој тренд веројатно ќе продолжи и во следните неколку години. Скандалот со манипулираните дизели на „Volkswagen“ од 2015-та година одигра сериозна улога во ова, по што голем број европски влади постепено воведоа ограничувања на овој тип мотори.
Некои компании како „Hyundai“, „Nissan“ и „Volvo“ веќе официјално се откажаа од инвестирање во дизели за нивниот асортиман. Групата „Volkswagen“ исто така најави дека нема да развива нови вакви мотори, туку ќе ги надградува сегашните. На оваа група очигледно и се придружува и „Citroen“, чиј извршен директор Винсент Кобе изрази песимизам во врска со иднината на дизелите.

